Протестирав против изградбата на верски објект на плоштадот затоа што беше повеќе од јасна интенцијата да се разгорат тензии во државата.

Протестирав за Мартин Нешкоски затоа што се обидуваа да сокријат убиство на невино дете, а години подоцна ова злосторство беше потврдено и од „бомбите“ на опозицијата како и многу други за кои сите ние предупредувавме низ годините.

#Протестирам за конечно враќање на правдата во Република Македонија.

#Протестирам против срамната и крајно неоснована „аболиција“ на Иванов.

#Протестирам против селективната правда и корумпираните институции.

#Протестирам против приведувањето на нашите другари.

#Протестирам за враќање на основните човекови права и социјалната правда.

#Протестирам за конечно државата да се врати на оние на кои им припаѓа – на Граѓаните и Граѓанките на Република Македонија!

ПРОТЕСТИРА: Велимир Жерновски