Збогум драг соборецу

Вчера левичарските и философските кругови не само во Србија туку и на Балканот изгубија вреден човек. Една светлина која се осмелуваше да ги открие и осветли најмрачните ќошиња на суровиот капитализам кој ги зароби пост југословенските општества.

 

Почина Иван Раденковиќ, философ, теоретичар и активист од Нови Сад, Србија. Неговите истражувања на полињата на марксизмот, политичката економија, индустриската политика, пензискиот систем и историјата на синдикализмот, беа плодни и придонесоа посилно да се зборува за постоечките проблеми не само во Србија туку и во регионот.

 

Како основач на колективот “Герусија” направи бројни истражувања. Во едно  ја откри вистинската состојба на работничките права, работните услови и синдикалното организирање во претпријатија основани и раководени преку странски капитал во Србија, меѓу кои “Дрекслермаер” во Зрењанин. Даде огромен придонес во политичката едукација на младите преку својот ангажман во проектот „Форум на Ромите во Србија”.

 

Левичарското движење “Солидарност” изразува искрено и длабоко сочувство до неговото семејство. Прераната загуба на така ангажиран интелект не обврзува сите ние кои се чувствуваме како негови другари и соборци да го истакнеме неговото дело и да ја продолжиме активистичката, интелектуалната и политичка борба на Иван Раденковиќ.

 

Збогум драг соборецу!