За нас

Официјалното лого на Левичарското Движење Солидарност

Генерална ориентација

Левичарското движење „Солидарност“ е левичарска активистичка организација која се залага за хуманизација на сите сфери во општеството, социјална правда, унапредување на работничките права, одбрана на демократијата и нејзино унапредување.

Организацијата обединува луѓе кои се против сите авторитарни форми на владеење и нивните системи за експлоатација, како и против национализмот, милитаризмот и клерикализмот.

За остварување на овие цели, луѓето од Солидарност се отворени за сите граѓани и граѓанки кои сакаат да земат учество во остварувањето на вредностите за кои се застапува левицата.

Се обединивме во мај 2012 година, како група активист(к)и кои делуваа и делуваат во иницијативи и организации кои делат заеднички цели.

Статут

Статутот на Левичарското движење „Солидарност“ можете да го прочитате овде.

Начини на делување

Левичарското движење „Солидарност“ делува на три начини:

1) Аналитичко ниво. Се подготвуваат и објавуваат студии, анализи и написи во кои се анализираат состојбите кои спаѓаат во сферите на интерес на организацијата. Многу често не е доволно само да се каже дека некоја состојба е неприфатлива, туку и да се понудат аргументи зошто е така.

2) Промотивно ниво. Се одржуваат трибини, промоции на студиите и прес конференции со кои се запознава пошироката јавност со ставовите на организацијата и со сознанијата до кои има дојдено организацијата.

3) Протестно ниво. Левичарското движење „Солидарност“ не се ограничува себеси само на пишување студии и одржување трибини и прес конференции. Организирањето на протести, самостојно или во соработка со други сродни организации и синдикати, како и поддршката на протести за цели кои ги споделува „Солидарност“ е една од најважните активности на организацијата. Протестите се организираат кога ќе се појави потреба за тоа или на некој симболичен датум, како Први мај.

Неодложни економски мерки

Неодложните економски мерки кои ги предлага Левичарското движење „Солидарност“ можат да се прочитаат овде.

Leave a Reply

Your email address will not be published.