ЛД Солидарност со задоволство ве известува дека Студијата „Жени и синдикати: Застапеност и работнички права во Република Македонија“ може бесплатно да ја спуштите од нашиот оддел „публикации“ или директно на следниот линк тука.

Студијата „Жени и синдикати: Застапеност и работнички права во Република Македонија“ придонесува кон нови сознанија за улогата, влијанието и активностите на синдикатите, работничките и синдикалките во подобрувањето на положбата на жените работнички во Македонија. Во студијата се анализирани специфичните проблеми и прекршувања на работничките права со кои се соочуваат работничките, застапеноста и влијанието на жените во управувачките и раководни тела на синдикатите, улогата на женските секции, родовата сензитивност во барањата на синдикатите и колективните договори, солидарноста, довербата и очекувањата од синдикатите

Студијата е поддржана од фондацијата „Rosa Luxemburg Stiftung Southeast Europe“ со финансии од Министерството за надворешни работи на Германија.