Работилница „Непристојни„ споменици“ на 16 и 17 септември во Социјалниот центар Дуња

Левичарското движење Солидарност го обновува повикот за учество на тродневна работилница за изработка на дизајн на сувенири, постери, маици, беџеви, накит и друг промотивен материјал за споменичното наследство во Македонија од периодот на НОБ. Целта на работилницата е да се подигне свеста за уметничките, културните и општествените придобивки од ова наше подзаборавено наследство и можностите за креативен дијалог со оваа оставнина.

Работилницата ќе се одржи на 16 и 17 септември во Социјалниот центар Дуња, а ден претходно, на 15 септември ќе биде организирана посета на неколку избрани споменици од Скопје, Костурницата во Велес, Могилата на непобедените во Прилеп и Музејот на НОБ и Македонумот во Крушево. Работилницата ќе ја водат Дафина Џепароска, Нита Муча и Зоран Кардула.

Во 19 часот на 17 септември ќе се одржи округла маса “Непристојни Споменици – што да се прави со социјалистичкото наследство?” и презентација на изготвените дизајни.

Левичарското движење Солидарност дополнително ќе организира промотивна изложба на реализираните дизајни и ќе ги промовира при настани во своите простории кои се дом и на Социјалниот центар ДУЊА. Исто така во соработка со своите партнери СФ:иус – Загреб, Хрватска, “Група архитеката”, Белград, Србија, Историски музеј на – Сараево, БиХ и Музеј на Модерна уметност од Љубљана, Словенија кои ја сочинуваат платформата за истражување на “Непристојните споменици” ќе ги промовира резултатите од работилницата и реализираните дизајни и продукти надвор од нашите граници.

Бројот на учесници е ограничен на 15. Се охрабруваат заинтересирани самостојни уметници, дизајнери, производители на ракотворби и студенти да се пријават на оваа тематска работилница. Учесниците не сносат никакви трошоци и не се наплаќа никаква квотизација за учеството. Рок за пријавување за посетата на спомениците и учество на работилницата е до 13 септември. Поканите за учество ќе бидат доставени до 14 септември. Ве молиме доставете кусо мотивациско писмо и кусо био со ваши основни податоци на следнава е-маил адреса: sonja.stojadinovic@gmail.com

Работилницата е поддржанa од Алианц фондацијата (Allianz Kulturstiftung).


___________________________________________________

Leftist movement Solidarnost repeats the call for participation for a three day long workshop for production of design of souvenirs, posters, t-shirts, badges, jewelry and other promotional material of the monumental heritage in Macedonia from the period of National Liberation Struggle. The aim of the workshop is to raise awareness about the artistic, cultural, and social benefits of this forsaken heritage of ours and the possibilities for creative dialogue with this legacy.

The workshop will be held on 16 and 17 of Septmeber in the Social center Dunja, and a day earlier on 15th we will organize a visit to few selected monuments in Skopje, the Necropolis in Velese, the Necropolis of undefeated in Prilep and the Museum of NLS and the Macedonium in Krushevo. The workshop will be run by Dafina Dzeparoska, Nita Mucha, and Zoran Kardula.

At 19.00 on 17 September a round table will be held titled “In-appropriate monuments – what to do with the socialist heritage?” and a presentation of the produced designs from the workshop.

Leftist movement Solidarnost will additionally organize a promotional exhibition of the realised designs and will promote them at the events organized at their premises that are shared with the Social center Dunja. Also, in cooperation with their partners SF-ius, Zagreb, Croatia, Group of Architects, Belgrade, Serbia, Historical Museum of BH, Sarajevo, BH and the Museum of Modern Art, Ljubljana, Slovenia that are partners in the platform Innapropriate Monuments will promote the results from the workshop and the realized products and designs outside our borders.

The number of participants is limited to 15. We encourage interested independent artists, designers, manufacturers of handmade products and students to enrol at this thematic workshop. Participants will bear no costs and there is no fee charged for the participation. The deadline for registering for the tour of the monuments and the workshop is by 13 September. The invitations for participation will be delivered by 14 September. Please, send your short motivational letter and short bio with your basic info at the following e-mail address: sonja.stojadinovic@gmail.com

The workshop is financed by the Allianz Cultural Foundation (Allianz Kulturstiftung).