Колумна на Анастас Вангели за Дојче Веле за црвениот лут пипер кој ги пече сите сетила на режимот:

Новата левица е закана на режимот затоа што претставува нов актер, кој не преговара, не простува и не се плаши од хајките. По долгогодишно делување под радарот, во новонастанатата револуционерна ситуација, левичарските организации избија во мејнстримот, заземајќи го радикалното крило на широкото протестно движење. Тие имаат големо улично искуство, силна идеологија, вешто ги користат социјалните медиуми за пропаганда и мобилизација, имаат поддршка од дијаспората, а нивната стратегија во очите на естаблишментот е непредвидлива. […]

Режимската хајка против левичарските организации претставува обид тие да бидат скршени, исплашени и да се повлечат од протестите. Веројатно режимот смета дека со притисокот врз левичар(к)ите, ќе придонесе до растурање на широкото протестно движење. Разидувањата на левицата со СДСМ и дел од граѓанскиот сектор не се тајна, и на моменти испливуваат на површина (на пример, лани најголемиот опозициски весник исто така го стави Солидарност на насловната страница, нарекувајќи го „тројански коњ“ на режимот во опозициските редови).

Но, во моментов, приоритетната политичка разлика во Македонија е дали сакаме да градиме општество во кое ќе има место за политички разлики, или ќе дозволиме да завладее тоталитарно мракобесие. Енергијата на левичарските организации произлегува од солидарноста, другарствата градени на протести, и визијата за подобро општество. Токму затоа, тие апсењата и повиците за линч ги дочекаа само како дополнителна причина да протестираат со поголем интензитет.

Целиот текст на нивниот сајт.