Гостување на нашата активистка Соња Стојадиновиќ во Клик Плус на ТВ21 по повод последните обиди да се исценираат етнички и верски тензии во Македонија. Солидарност како надетничка организација се залага за политика која ќе се фокусира на решавање на проблемите кои не’ засегаат сите без оглед на припадностите, и политика која ќе ги разбие кланските спреги кои го држат во заложништво прогресот на Македонија. Политиката на креирање етнички тензии ја сметаме како придружен елемент на етнопартискиот клиентелизам и корупција, но и патријахализмот и мачизмот кој преовладува во политичкиот дискурс.