65339640_01

Текстот е преведен од словенечкиот сајт http://www.rtvslo.si/. Оригиналниот текст може да го најдете тука.

Второстепениот суд потврди дека поранешните вработени во трговското друштво Рутар, Боштјан Брадешко и Бернарда Гајсер, се виновни за кршење на синдикални права, соопштија од ЗССС.

Подравската регионала органиyација на Сојузот на слободни синдикати на Словенија (ЗССС) (ZSSS: Zveza svobodnih sindikatov Slovenije) предупреди на кршење на синдикалните права и со него поврзазанaта неодамнешна правосилна пресуда во веќе петгодишниот спор со трговското друштво Рутар.

Оссудените не се повеќе во Рутар

Поранешниот раководител на словенечката филијала Боштјан Брадешко и раководителката на центарот во Марибор Бернарда Гајсер се виновни за кршење на синдикални права, Брадешко и за мобинг на работно место, произлегува од пресудата на мариборскиот окружен суд. Неодамна пресудата ја потврди и второстепен суд.

Брадешко ќе мора да плати нешто над 13.000, Гајсер па нешто над 4.500 евра парична казна. Во Рутар за сега за пресудата не се изјануваат.

Медик: Прва правосилна судска пракса

Правниот советник на подравската ЗССС Боштјан Медик на прес конеренција истакна дека се работи за прва правосилна пресуда за оневозможување на синдикално здружување. Пресудата е важна зашто до сега на тоа подрачје немаше судска пракса.

„Постапката беше долготрајна, само од работничката страна беа сослушани 32 сведоци. Пресудата е важна и заради тоа што обвинетите ги товари за кршење на уставот во врска со обезбедувањето на синдикална слобода“, рече Медик и додаде дека со казнената постапка спорот веројатно уште не е завршен, бидејќи оштетените работници според сета веројатност ќе поднесат тужби за оштета.

Можни тужби за оштета

Сигурно тоа ќе го направи синдикалната повереничка Марјета Мушич, која, според зборовите на секретарката на подравската ЗССС за трговски дејности Аленка Рожман, во последниве години трпела мобинг. Рожман, при краткото претставување на настаните во трговскиот центар, кој вработува околу 100 луѓе, додаде дека пресудата сигурно ќе создаде историја на синдикалното делувањње.

Што отиде наопаку

Во 2011 работниците во мариборскиот трговски центар започнале синдикално да се поврзуваат, бидејќи се зборувало за отпуштање. Затоа сакале правна помош. Проблемите настанале откако за одлуката на вработените го известиле работодавачот, кој започнал на разни начини да притиска на работниците. Заради тоа голем број членови на синдикатот се отпишале од него, а останале само неколку, кои не дозволиле да бидат разубедени.

Заради таквото однесување синдикатот во мариборската полиција поднесол пријава за сомневање за сторено кривично дело, по собирањето докази па окружното обвинителство до мариборскиот суд кон крајот на 2012 поднесло обвинителен предлог. Во средината на 2014 течеше главниот претрес во окружниот суд, пресудата па беше изречена во септември лани. Неа сега ја потврди и повисокиот суд.