13934929_1501314549894377_2216507955791604867_n

„Ова не е класично окупирање на простор, туку привремено менување на неговата функција. Фабриката од 7000 квадратни метри, во сопственост на Градот Љубљана, е напуштена веќе 15 години. Сè додека градските власти не креираат и не започнат со имплементација на јасна стратегија за решавање на проблемот со овој напуштен простор, ние самоиницијативно сакаме да го отвориме за сите индивидуи и групи од непрофитниот сектор, со цел независно продуцирање на културни и социјални содржини.“- со овие зборови, во март 2006, група на активисти ја окупираат напуштената фабрика и ја пренаменуваат во автономен центар.

Денес, автономниот центар „Фабрика РОГ“ му служи на градот и на пошироката заедница како простор за алтернативни збиднувања, во контекст на недостиг од вакви простори во екстремно институциолизираната Словенија. Во неговите 7000 квадратни метри се вдомени голем број колективи и простори: неколку галерии, уметнички студија, два скејт парка (вклучувајќи го и најголемиот затворен скејт парк на Балканот), социјалниот центар за маргинализирани групи (како мигранти и бегалци), најразлични концертни и клубски хали, работилница за поправање на точаци и сл. Овие колективи овозможуваат богата програма на социјални и културни активности. Сите корисници директно учествуваат во колективното носење на одлуките преку јавни собири.

Со нашиот гостин Јернеј Кастелиц, активист и член на автономниот центар, ќе поразговараме за формирањето, работата и значењето на овој алтернативен простор, по што ќе проследи отворена дискусија за можностите за пренамена и окупирање на (напуштени) јавни простори во Македонија.

Линк до FB настанот: https://www.facebook.com/events/1162977720443679/

“It is not a classic occupation of space, but a temporary alteration of its purposes. The 7000 square meter large factory – owned by the City of Ljubljana (MOL) – has already been left to decay for 15 years. As long as MOL doesn’t develop and begin implementing a clear strategy to solve the problem of these empty premises, we self-initiatively wish to open it to all individuals and groups engaged in the non-profit sector, for the realization of independent production of cultural and social content.” – with these words, in March 2006, a group of activists occupied the abandoned factory and set-up an autonomous center.

Today, the autonomous center“Rog Factory” serves Ljubljana and the wider community as a space for alternative content which is lacking in an otherwise heavily institutionalized Slovenia. Its 7,000 square meters hosts many collectives and spaces: multiple gallery spaces, art studios, two skate parks (including the largest covered skatepark in Balkans), Rog social center for disadvantaged groups (such as migrants and refugees), various concert and clubbing venues, a bicycle repair shop, etc. Those collectives provide a rich program of social and cultural activities. All users participate directly and make decisions collectively at general assemblies.

With our guest Jernej Kastelic, an activist and a member of the autonomous center, we’ll discuss about the forming, the work and the importance of this alternative center. An open discussion about the possibilities of occupying public spaces in Macedonia will follow.