upoz

Како продолжување на предупредувачкиот штрајк од 03.12.2015 година, Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Р. Македонија (УПОЗ) и Здружението за судска администрација на Р. Македонија (ЗСА) на 23, 24 и 25 март 2016 година ќе одржат три дневен штрајк а на 25-ти март и протест. [Линк до сајтот на УПОЗ]

ЛД Солидарност активно ја поддржува борбата на Синдикатот на УПОЗ. Ова е борба против експлоатирањето на вработените во УПОЗ, која е борба за работнички права, но и борба од која зависи спасувањто на институциите – без достоиствена работа, нема да има ни достоинствени институции. Ја даваме нашата целосна поддршка на штрајкот во судовите, и се гледаме на протестот на 25-ти!