a822cb7c512f4e139e9a59e1067fef5c Според научниот истражувач и активист Јордан Шишовски, член на ЛД Солидарност, во изјава за DW, на 5 мај 2015, се случуваат три важни преседани на полето на урбаната борба.

Петтомајско востание 2015
„Прво, се случи пробив на кордонот на полициската држава. После години страв и чувство на немоќ, протестното тело се охрабри и ја премина границата што полициската држава ја поставува како симбол на моќ.“

 

 

„Второ, полициската држава својата моќ ја темели на заканата за употреба на сила. Затоа со години секој протест колку и да е мирен и мал, е окружен со масивно присуство на милитаризираната полиција. Самиот факт што полицијата употреби несразмерна сила укажува дека режимот е немоќен. Тоа значи дека главното оружје на режимот – стравот – веќе е јалово.“

 

 

„Трето, фактот што протестното тело возврати укажува дека балансот на силите меѓу полициската држава и народот се поместува кон вториот.“

 

CEVBCB_WoAAbL6tCEUt4oKVEAABuus

 

Тринаесеттоаприлски бунт 2016
На полето на протестната динамика, според него, во 2016 година, многу полесно ескалира народното незадоволство. Поттик за тоа е аболицијата на политичарите од страна на претседателот Иванов.

 

 

„Ескалацијата на незадоволството беше јасно и прецизно насочена кон симболите на неправдата иако немаше ниту една организација зад протестите. Тоа покажува дека веќе постои самосвест и дејственост (агентност) кај народот како носителот на суверенитетот, на место на апстрактната „држава“. Веќе е јасно дека центарот на моќ се поместува од елитите кон народот. Ова придвижување значи зголемување на демократските на сметка на авторитарните тенденции во општеството“, додава Шишовски.

 

Извор DW.