ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЕВРОПСКАТА УНИЈА ОД ГРАЃАНКИТЕ И ГРАЃАНИТЕ НА БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН

Драги претставници и претставнички на Европската унија,

На граѓаните и граѓанките на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија неодамна им беше претставена Стратегијата на ЕУ за таканаречениот Западен Балкан. Според зборовите на нејзините изработувачи, станува збор за „историска можност за нивната иднина цврсто и недвосмислено да се поврзе со Европската унија“. Иако поздравуваме ангажман кој би ни помогнал во повторното воспоставување демократија во нашите држави и во обезбедувањето на вистинско влијание и моќ на граѓаните на овој регион, со ова писмо сакаме да ја изразиме нашата загриженост околу самата стратегија, бидејќи не нуди ништо освен поволна клима за приватните бизниси, за секуритизација и милитаризација на нашите граници и земји, и евтино продавање на нашите природни ресурси.

Слично како и несреќната насока во која се движеа повеќето од земјите во регионот во 90-тите (конфликти, војна и уништување), овој развој не е ниту неизбежен, ниту природен. Станува збор за идеолошки управуван процес на економска, политичка и социјална трансформација на нашите општества и ние имаме генерациска одговорност тоа да не го премолчиме.

Сфаќаме дека веќе долго време се занимавате и преговарате со нашите политички елити, таканаречените избрани претставници на граѓаните и народите во регионот. Преку тој процес наведени сте на заклучок дека визијата во Стратегијата е навистина заедничка визија на граѓаните во регионот. Меѓутоа, овие „претставници“ (тајкуните и олигарсите, градежната мафија, воените профитери и поттикнувачите на војни) веќе одамна го изгубија допирот со избирачите и никогаш не ни биле водени од ништо друго освен нивниот личен краткорочен профит. Политичката, економската и социјалната благосостојба на овој регион и луѓето кои тука живеат никогаш не биле на нивната агенда. И покрај опипливите докази кои се видливи веќе со децении, Европската унија континуирано и недвосмислено избира да работи со нив, сè додека тоа не ги загрозува економските интереси на ЕУ.

Нашите земји навистина се наоѓаат во ситуација која во Стратегијата се нарекува „генерациски избор“, но ние веруваме дека генерацискиот избор со кој сме соочени не е едноставно за тоа дали ќе се пристапи кон Европската унија или не; изборот е дали овој регион целосно ќе подлегне под неолибералната идеологија која го уништува нашиот регион веќе речиси три децении. Самата стратегија се заснова на разбирање на напредокот на овој регион преку лажна дихотомија помеѓу функционална и здрава економија и социјални и економски права на луѓето. Она што ни кажува Стратегијата е дека економски напредок е возможен само ако пазарите се дерегулираат и се ослободат од ограничувањата наметнати од државата, како што се даноците, преку кои во крајна линија се финансираат оние малку социјални права преостанати во нашите земји. Стратегија која слепо гледа на дерегулирањето на пазарот, приватизацијата и привилегирањето на странските инвестиции во однос на социо-економскиот развој, правдата и еднаквоста, односно сите оние работи кои ги сметаме за одлучувачки за благосостојбата на нашите општества, не е стратегија во која препознаваме „историска можност“!

Земајќи предвид дека поголемиот дел од регионот има поминато низ насилни конфликти, кои резултираа во уништување не само на инфраструктурата, туку и на општественото ткиво, решавањето на последиците од тие конфликти треба да биде врвен приоритет на Европската унија. И навистина, Стратегијата ги вклучува помирувањето, добрососедските односи и регионалната соработка помеѓу нејзините водечки иницијативи, но истовремено не покажува дека ЕУ го разбира помирувањето како цел сама по себе. Наместо тоа, Стратегијата го потчинува тој процес на создавањето „економски можности“. Со други зборови, за Стратегијата „помирување“ е средство кон целта – пазарна економија која не е оптоварена со минатото, туку ослободена од профитот. За нас, од друга страна, помирувањето не е прашање на „постигнување“, туку резултат на кумулативни напори за решавање на социјалните, политичките и економските последици од војната. Во тие напори, централно место зазема економската и социјалната правда, засиленa со сеопфатна и родово чувствителна програма за репарација за претрпени штети, како дел од целокупното економско закрепнување на нашите земји. Правото на квалитетна и достапна здравствена заштита, пристојно вработување, социјална помош, домување, образование, чиста вода итн. – тоа се предуслови за правични и рамноправни општества и затоа мора да бидат главна преокупација на земјите од регионот. Со привилегирање на профитот над правото на економска и социјална правда, Стратегијата придонесува кон дестабилизација на регионот и ги поткопува сите тековни мировни процеси.

Тековната ситуација во нашите земји навистина бара структурни реформи: политички, економски и социјални. Веруваме дека постои широк општествен консензус по тоа прашање. Истовремено, спротивно на она што го велат политичките елити, не постои консензус околу тоа како да се постигнат овие промени. Ова не е воопшто различно од недостатокот на консензус за правецот и иднината на ЕУ, како што можеме да видиме од тековната дебата во рамките на ЕУ и нејзините земји-членки. Реформите кои толку лесно и без трошка сомнеж се предложени и имплементирани во нашите земји се всушност истите реформи кои се ставени под знак прашалник во самите земји-членки на ЕУ. Како што моментално стојат работите, сиромашните, обесправените и обесхрабрените граѓани на нашите земји, многумина од кои сѐ уште се справуваат со последиците од војната, се соочуваат со неповратно, неолиберално постконфликтно реструктуирање што е на штета на нивните човекови права, особено на социјалните и економски права. Наместо намалување на основните делови од јавниот сектор, поправедно би било да се спроведат буџетски компромиси преку споредување на намалувањето на буџетскиот дефицит со влијанието на зајакнувањето на инвестирањето во човечките капацитети и општествените потреби за економски раст, намалување на сиромаштијата и родова еднаквост.

Спротивно на нагласувањето во Стратегијата дека членството во ЕУ е „избор“, факт е дека веќе подолго време регионот нема вистински избор, а граѓаните и граѓанките (а не политичките елити) одамна не можат гласно да се изјаснат за тој избор!

Затоа би сакале да ја искористиме оваа прилика да ви ги претставиме НАШИТЕ избори:

  • Наместо оценување на состојбата на нашите економии и општества преку конкурентноста на пазарот, нашиот избор е тие да се оценуваат преку успехот или неуспехот да обезбедат соодветни, пристојни и одржливи средства за живеење на сите свои граѓанки и граѓани.
  • Наместо слепо верување дека малите и средни претпријатија се решение за растечката невработеност и влошувањето на нашите економски и социјални права, нашиот избор се синдикализирани пристојни работни места, со пристојна плата, фер и еднаков третман на работното место и пристап до социјална заштита.
  • Наместо да се фокусираме на стручно усовршување со кое луѓето се обучуваат да останат на ниско платени позиции и двојно зголемување на средствата за Еразмус+ што само ќе го зголеми бројот на нашите најпаметни студенти кои го напуштат регионот и никогаш не се враќаат, нашиот избор е квалитетно образование, подеднакво достапно за сите. Наместо постојано да бидеме принудени да собираме средства за болните кои не можат да си дозволат соодветна здравствена заштита во сопствената земја, нашиот избор е квалитетен здравствен систем, до кој секој има пристап и кој секој може да си го дозволи. Ова бара зголемено вложување во јавниот сектор и повеќе пари за образовната и здравствената инфраструктура, со цел да се поттикнат младите луѓе да останат.
  • Наместо да градиме автопати кои ќе им бидат покорисни на корпорациите и на слободната пазарна економија отколку на обичните граѓани и граѓанки, кои нема да можат да ги користат отплаќајќи ги долговите за нивната изградба, нашиот избор е изградба на квалитетна инфраструктура и патишта во земјите кои ќе им овозможат на сите граѓанки и граѓани пристап и остварување на социо-економските права (на пример, функционални патишта и превоз за луѓето што живеат во оддалечени области со цел да им се овозможи пристап до медицински, образовни и други институции). Нашиот избор е даночна политика која ќе ги постави темелите за прераспределба на богатството внатре во државите и ќе ги извлече нашите општества од должничкото ропство во кое брзо запаѓаме.
  • Регион кој неизмерно страдаше во текот на 90-тите и продолжува да страда од последиците од тие војни не треба да биде принуден да го заборави сопственото искуство на насилно раселување и барање засолниште преку секуритизација на нашите имиграциски политики, милитаризација на нашите граници и зголемување на бројот на рестриктивни мерки, сѐ со цел одбрана на тврдината Европа. Нашиот избор се општества изградени на солидарност, во и преку граници!
  • Наместо фокусирање единствено на енергетските придобивки од искористувањето на балканските природни ресурси и неповратното уништување на најважното жариште за европската биолошка разновидност, како и исцрпување на нашите витални ресурси, како што е водата, нашиот избор е да изградиме општества кои се еколошки одржливи и чии природни ресурси и богатства се користат како потенцијал за одржлив социо-економски развој, достапен на нашите идни генерации.

Ова се нашите избори. Сметаме дека вака нашите општества ќе напредуваат. Не се откажуваме од нашата одговорност да работиме кон таква иднина. Меѓутоа, ако Европската унија продолжи да го користи процесот на пристапување за да ги принуди нашите земји да им служат на економските и геополитичките интереси на јадрото на ЕУ, ќе ја сметаме Европската унија за еднакво одговорна за уништувањето на нашите општества како и домашните корумпирани политички елити со кои официјалните претставници на ЕУ се ракуваат. Европска унија која единствено ги унапредува економските интереси на елитите од јадрото на Европа, на сметка на граѓаните и граѓанките на ЕУ, како и на сите други, има малку што да им понуди на оние кои живеат во неа и оние кои сѐ уште се надвор од неа.

февруари 2018

____________________________

По азбучен ред:

Поединки/поединци:

  1. Ади Исаковиќ
  2. Адиса Ликиќ
  3. Адмир Југо
  4. Аида Спахиќ
  5. Аида Зејчировиќ
  6. Александра Елчиќ Челановиќ
  7. Ален Црногорчевиќ
  8. Алма Џакиќ
  9. Амел Валентиќ
  10. Ана Мишковска Кајевска
  11. Анѓа С. Илиќ
  12. Анѓела Пепиќ
  13. Анес Подиќ
  14. Анида Сокол
  15. Антонио Михајлов
  16. Асим Мујкиќ
  17. Азра Бркиќ
  18. Беќир Хабибовиќ
  19. Белма Беќирбашиќ
  20. Биљана Гинова
  21. Бојана Ѓокановиќ
  22. Бојана Матиќ, жителка на Балканот
  23. Бојана Мумин
  24. Борис Мишкиќ
  25. Боро Контиќ
  26. Бранко Ќулибрк
  27. Вахидин Омановиќ
  28. Горан Бубало
  29. Горан Зориќ
  30. Горана Млинаревиќ
  31. Дамир Арсенијевиќ
  32. Дамир Поробиќ
  33. Даријан Билиќ
  34. Дарио Борчак
  35. Драган Голубовиќ
  36. Драгица Млинаревиќ
  37. Един Бегета
  38. Елдин Хабибовиќ
  39. Елмаја Бавчиќ
  40. Ена Бавчиќ
  41. Ерол Билибани
  42. Ервина Дабижиновиќ
  43. Есма Дркенда
  44. Зилка Спахиќ Шиљак
  45. Златица Грухоњиќ
  46. Зоран Млинаревиќ
  47. Зоран Петровски
  48. Ибрахим Бркиќ
  49. Ибрахим Спахиќ
  50. Ифета Ќесир-Шкоро
  51. Игор Камочаји
  52. Ирина Поцкова
  53. Ивана Драчо
  54. Јаков Чаушевиќ
  55. Јана Коцевска
  56. Јасенко Османагиќ
  57. Јасмин Брадиќ
  58. Јасмина Чаушевиќ
  59. Јасмина Хусановиќ
  60. Јасминка Дрино Кирилиќ
  61. Јелена Василевиќ
  62. Јусуф Макаревиќ
  63. Лејла Ефендиќ
  64. Лејла Хаџиахмиќ
  65. Лејла Хуремовиќ
  66. Лејла Омерчевиќ
  67. Лепа Млаѓеновиќ
  68. Линда Гусија
  69. Луљета Горанци Бркиќ
  70. Љупка Ковачевиќ
  71. Марина Величковиќ
  72. Мемнуна Звиздиќ
  73. Мерима Дервишиќ
  74. Мевлија Мехмедовиќ
  75. Мевулдих Рахмановиќ
  76. Милица Плавшиќ
  77. Мирха Поjскиќ
  78. Мирхада Валентиќ
  79. Мирза Муса
  80. Мухамед Окановиќ
  81. Нејра Ченгиќ
  82. Нела Поробиќ Исаковиќ
  83. Ненад Поробиќ
  84. Нермина Мујагиќ
  85. Нермина Трбоња
  86. Нервина Хабибовиќ
  87. Ниџара Ахметашевиќ
  88. Нура Беговиќ
  89. Паша Смајиќ
  90. Паула Петричевиќ
  91. Рамиз Ќатибушиќ
  92. Сандра Авросиевска
  93. Сандра Злотрг
  94. Санела Башиќ
  95. Сања Врзиќ
  96. Сеида Сариќ
  97. Селма Асотиќ
  98. Селма Спахиќ
  99. Семир Мехаџиќ
  100. Славо Кукиќ
  101. Снежана Шешлија
  102. Соња Локар
  103. Суита Даутбеговиќ Бошњаковиќ
  104. Сутка Мујагиќ
  105. Свјетлана Недимовиќ
  106. Тамара Цветковиќ
  107. Тамара Шмидлинг
  108. Тамара Заблоцки
  109. Тања Грабовац
  110. Тања Маркуш
  111. Тања Милетиќ Оручевиќ
  112. Фадила Селак Радмиловиќ
  113. Фрањо Шарчевиќ
  114. Хафиза Авдиќ
  115. Хајра Ќатиќ
  116. Хава Мујкиќ
  117. Хелена Мандиќ
  118. Чедомир Млинаревиќ

Здруженија и неформални групи:

  1. Анима – Центар за женско и мировно образование, Котор
  2. Движење на граѓаните на Грачаница
  3. Домине, организација за промовирање на женски права
  4. Еден град една борба
  5. Žene za Žene International Сараево
  6. Женска мрежа на Хрватска
  7. Здружение на граѓани Budućnost Modriča
  8. Здружение на граѓани Žene Srebrenice Тузла
  9. Здружение на граѓани Kuća mira
  10. Здружение на граѓани Oštra Nula
  11. Здружение на граѓани SEKA Горажде
  12. Здружение за семеен и општествен дијалог „ Mali koraci“
  13. Здружение „Orhideja“ Столац
  14. Здружение „Sara-Srebrenica“
  15. Здружение „ Naš glas“ Тузла
  16. Здружение „Dijakom “ Сански Мост
  17. Здружение „HO HORIZONTI“ Тузла
  18. Здружение „Novi put“ Мостар
  19. Здружение „Žena“ Мостар
  20. Здружение Duga
  21. Здружение Glas žene Бихаќ
  22. ​​Здружение на граѓани Eko akcija
  23. Здружение на граѓани Omladinski centar Gornji Vakuf-Ускопље
  24. Здружение на граѓанки Грахово
  25. Здружение HALO
  26. Здружение на болни од шеќерна болест во општина Бужим
  27. Здружение Prijedorčanki Izvor
  28. Здружение Snaga žene Тузла
  29. Здружение Zgrade
  30. Здружение на жени „Li-Woman“
  31. Здружение на жени Jadar, Коњевиќ Поље
  32. Здружение на жени Most Вишеград
  33. Здружение на жени Priroda Братунац
  34. Здружение на жени Sehara
  35. Здружение на жени Vive žene
  36. Здружение Žene sa Une
  37. Здружение Žene Ženama
  38. IN фондација
  39. Иницијатива на граѓанки, Мостар
  40. BA – иницијатива за искуствено учење
  41. Левичарско движење „Солидарност“ Македонија
  42. Меѓународен центар за деца и младинци „Fortis“
  43. Меѓународен центар за мир
  44. Нансен дијалог центар Приедор
  45. Нансен дијалог центар Сараево
  46. ORC Тузла
  47. Политичка организација „Удар на левицата“
  48. Права за сите
  49. Сојуз за враќање на бегалците и раселените од Босанска Посавина
  50. TPO фондација
  51. Феминистички анти-милитаристички колектив
  52. Фондација CURE
  53. Фондација за креативен развој
  54. Хелсиншки парламент на граѓаните на Бања Лука
  55. Центар за демократија и транзициска правда (ЦДТП)
  56. Центар за образование и истражување „Nahla“
  57. Центар за градење на мирот
  58. Центар за млади КВАРТ
  59. Центар за политички студии во Сараево
  60. Центар за развој на граѓанското општество
  61. Центар за развој на заедницата ToPeer Добој
  62. Центар за жени жртви на војната ROSA
  63. Центар за постконфликтни истражувања (ЦПИ) | Post-Conflict Research Center (PCRC)