Синоќа, 31 март, во Белград од група на нацисти беше нападнат Друштвениот центар „Октомври“. Според информациите од нашите другари групата била сочинета од 7 луѓе кои со шипки го нападнале центарот додека во него имало 4 луѓе, членови на колективот. На еден од членовите му е скршен носот, на друг му е повредена раката, а покрај физичките повреди на членовите нанесена е и материјална штета на центарот.

Друштвениот центар Октомври е изграден врз принципите на еднаквост, слобода и солидарност и е место во кое се добродојдени сите луѓе кои ги разбираат овие принципи. Веројатно тоа е причината поради која нацистите се одлучиле да го нападнат овој простор.

Левичарското движење Солидарност го осудува овој напад и се солидаризира со нашите пријатели од Друштвениот центар Октомври. При тоа порачуваме дека нашите принципи на еднаквост, слобода и солидарност не се рушат со кукавички чинови. Продолжуваме понатаму!