Седмата работилница во рамките на кампањата на ЛД „Солидарност“ насловена „Граници во движење: топографии на мобилност и правда“ ќе се одржи на 24 декември (четврток), од 18:30 во Библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија.

Во оваа работилница се осврнуваме на перцепциите што ги имаме за бегалците. Колку од овие перцепции се поткрепени со факти, а колку произлегуваат од страв од непознатото? Каква е улогата на медиумите во формирањето на перцепциите и стереотипите? Кој е профилот на еден бегалец? Дали се сите тие млади мажи? Зошто ги напуштаат своите земји? Зошто не остануваат во Турција, туку продолжуваат кон Европа? Зошто не одат во арапските земји?

Овие прашања, и други слични на нив, ќе ги разработиме преку неформални дискусии со две теренски работнички и активистки. Своите искуства од терен ќе ги споделат Елма Џанковиќ, од „Легис“, и Габриела Андреевска од ЛД „Солидарност“.

Организацијата на работилниците финансиски е поддржана од германската младинска фондација Schüler-Helfen-Leben.