capture

Згрозени сме од информацијата која проструи во јавноста, а во која се вели дека на територија на Р. Македонија ќе се гради фабрика за оружје, пред се` за потребите на НАТО пактот, како и за потребите на АРМ.

Ова е можност граѓаните на Македонија да го видат грдото лице на неолибералниот капитализам кој не бира средства за зголемување на профитот!  До неодамна низ нашата земја транзитираа луѓе чија голгота беше — и продолжува да биде по камповите во Грција, Турција, западноевропските и блискоисточните земји — директна последица на војните или целосно разјаденото социјално ткиво во нивните матични земји. Директна одговорност во ова сноси индустријата за оружје. Оружјето се прави за да се троши, а оружје се троши во војна и со страдање на луѓето. Тоа нема да го дозволиме! Сакаме фабрики за храна, а не за оружје!