Артан Садику
02.03.2016.

Macedonia's outgoing Prime Minister Nikola Gruevski talks to the media in Skopje on January 16, 2016. EU Commissioner Johannes Hahn said in press statement that the negotiations between the four biggest political parties on implementing last year's political agreement have failed. Macedonia's Prime Minister Nikola Gruevski handed in his resignation on January 15, paving the way for an early election in April in line with an EU-brokered deal to end a political crisis. The move came as Hahn arrived in Skopje to encourage political parties to stick to the agreement reached in July last year, which was designed to end months of turmoil in the Balkan nation of about 2.1 million people. / AFP / Robert ATANASOVSKI
Фото: AFP/ Роберт АТАНАСОВСКИ

 

Во продолжение ви го пренесуваме текстот на нашиот другар Артан Садику објавен во регионалниот портал „Билтен“ на 02.03.2016. Оргиналниот текст на српско-хрватски јазик може да го најдете овде.

На политичката криза што го диктира животот во Македонија во изминатите година дена и понатаму не ѝ се надзира решение. После половина година на преговори и Европската унија призна, преку „креативните“ меми, дека поранешниот премиер Груевски ги изигра. Во очајната потрага по стабилна влада во Скопје заради спроведување на новите мигрантски политики, европските претставници го повикуваат и народот на демократска партиципација, цинично заборавајќи дека токму народните протести и ја донесоа целата приказна на преговарачка маса.

. . .

Континуираното попречување на спроведувањето на договорените реформи на државните институции и напаѓањата од страна на медиумите под контрола на владата врз опозицијата и претставниците на ЕУ покажа дека соработката со Груевски, всушност, е бездната на политичките заговори. Искуство со државната машинерија во рацете на Груевски е отрезнувачки и за опозицијата и за Унијата во препознавањето до каде владејачката партија е подготвена да оди во одбрана на својата “институционална територија”. Ако нешто може да се заклучи од “креативните” меми со мачки на Твитер профилот на специјалниот претставник на ЕУ, Питер Ванхауте, тоа е дека ЕУ е вовлечена во директна конфронтација со Груевски и неговите манипулации во избегнувања на спроведувањето на структурните реформи.