AFP PHOTO / Robert ATANASOVSKI
AFP PHOTO / Robert ATANASOVSKI

 

“Решавањето на кризата зависи од програма која не се сведува само на рушење на Груевски, туку и нуди решение за проблемите кои ги создадоа условите за консолидација на власта од страна на ДПМНЕ. Во спротивно СДСМ лесно би можел да стане само копија на својот противник, кој само би ја преусмерил клиентелистичката мрежа кон сопственото гласачко тело. Наместо тоа, потребно е соочување со механизмите преку кои неолиберализмот го поврзува профитот со политиката и оневозможува воспоставување на суштинска демократија.

На овие избори учествуваше партија која ги препозна овие проблеми. Со 12 илјади освоени гласови (1,02%) новоформираната партија Левица не успеа да освои пратенички мандат, но го премина прагот за буџетско финансирање на нивните политички активности. Ова не е неважно, затоа што ја зацврстува основата за развој на политичка критика, која не се однесува само на власта на Груевски, туку ја опфаќа и неолибералната хегемонија која доведе до осиромашување на граѓанството и зацврстување на неговата зависност од власта.Останува да видиме како пошироката левица ќе се снајде во политичките турбуленции кои престојат и како својата критика ќе ја претвори во општествена акција”.

Текстот е на Адела Ѓорѓиоска и во целост може да го прочитате тука.