ЛДС организира округла маса “Непристојни Споменици – што да се прави со социјалистичкото наследство?” 

„Могила на непобедените“, Прилеп


Левичарското движење Солидарност ве кани на округлата маса 
“Непристојни Споменици – што да се прави со социјалистичкото наследство?” во 19 часот на 17 септември (недела), во просториите на Социјалниот центар ДУЊА. Поканети говорници ќе бидат истакнати историчари на уметноста, професионалци од областа на заштитата на културното наследство и антрополози и тоа Небојша Вилиќ, Сафет Ахмети, Владимир Јанчевски, Валентино Димитровски и Даворин Трпески. Со цел да се развие поширока дебата и во јавноста да се отвори оваа проблематична тема дискусјата нема да биде ограничена само на искажувањата на поканетите излагачи туку ќе ја вклучи и заинтерисиранта публика да даде свој активен придонес.

Последниве години во јавниот дискурс сведочиме силно непријателство кон социјалистичкото минато и се што било создадено во тој период и негова замена со изразени националистички интервенции во јавниот простор. Додека критичкото читање на блиското минато е неопходно, некритичкиот историски ревизионизам се испоставува како крајно штетен кон вистинската валоризација на оваа оставнина која не смее да биде дефинирана само како уметнички артефакт од минатото. Пасивниот однос на јавноста кон анти-комунизмот, особено што тој период коинцидира со основоположувањето на Репубилка Македонија, задобива загрижувачки димензии. Работилницата за современи дизајни и ново читање на естетските вредности на ова минато преку заборавените, запоставените и непосакуваните споменици, заедно со оваа округла маса имаат за цел да ја побудат дебатата за суштинските придобивки од ова наследство и да овозможат здрав однос кон овој период од нашата историја.

Покрај округлата маса ќе биде уредена и мала изложба/презентација на изготвените дизајни од работилницата. Социјалниот центар ДУЊА, се наоѓа на улица Рајко Жинзифов, број 22 (кој се наоѓа помеѓу автобуската станица карши Архитектонски факултет и барот “Цреша”).

Овие активности се дел од една поширока платформа за соработка која е иницирана од СФ-иус од Заграб, Хрватска а во која учествуваат и Група Архитекти од Белград, Србија, Историскиот музеј на Бих, Сарајево, БиХ, и Музејот на современа уметност, Љубљана, Словенија. Овој проект е финанскиски поддржан од Алианц културна фондација (Allianz Kulturstiftung).

Leftist Movement Solidarnost invites you to the round table “Inappropriate Monuments: how to deal with the socialist heritage?” at 19.00 on 17 September (Sunday) at the premises of the Social Center DUNJA. Renowned historians of art, heritage experts and anthropologists will be the invited guests: Nebojsha Vilic, Safet Ahmeti, Vladimir Janchevski, Valentino Dimitrovski and Davorin Trpeski. In order to develop a public debate and to open this problematic topic the discussion will not be limited to the presentations of the esteemed presenters, but will include active contributions of the interested audience.

In the recent years we witness forceful hostility in the public discourse against the socialist heritage and everything that has been accomplished in that period and substituting it with pronounced nationalist interventions in the public space. While the critical reading of the recent past is necessary, the uncritical historical revisionism turns out to be highly damaging for the true evaluation of this legacy, which must not be defined just as an artistic artefact from the past. The public passive reception of the anti-communism, especially as this period coincides with the establishment of the Republic of Macedonia, gains worrying dimensions. The workshop for contemporary designs and the new reading of the aesthetical values of this past through forgotten, neglected and unwanted monuments, together with this round table aims at reawakening of the debate about the essential benefits from this heritage and to allow for much healthier relation to this period of our history.

Besides the round table an impromptu exhibition will be organised to present the designs that resulted from the workshop. The Social Center DUNJA, is located on street Rajko Zinzifov, 22 (between the bus station across the Faculty of Architecture and the bar “Cresha”).

This activities are part of one larger platform for cooperation initiated by SF-ius, Zagreb, Croatia, Group of Architects, Belgrade, Serbia, the Historical Museum of BH, Sarajevo, BH, and the Museum of Contemporary Art, Ljubljana, Slovenia. This project is financially supported by the Allianz Kulturstiftung.