28047903331_bcf994408c_o
                                                                                Работната атмосфера на состанокот

 

На 5 јули во Европскиот парламент во Стразбур, ЛД Солидарност и Левица беа дел од агендата на состанокот на левичарската ЕУ парламентарна група GUE/NGL (European United Left/Nordic Green Left) која моментално има 52 пратеници во Европскиот парламент. Оваа група е формирана во 1995 година и е главно компонирана од партии со социјалистички и комунистички ориентации. Во GUE/NGL учествуваат партии како германската Die Linke, шпанската Podemos, грчката Syriza итн. Поканата да присуствуваме на овој состанок беше иницирана од Габи Цимер – претседателката на GUE/NGL, по претходни кординации кои ги остваривме за прв пат во Европскиот парламент во Брисел.

Марија Џонс од Левица и Ѓорги Пулевски од Солидарност
                                                                Марија Џонс од Левица и Ѓорги Пулевски од Солидарност
Присуството на состанокот се искористи за запознавање со (1)работата и плановите на левичарските организаци и партии од Македонија и (2)презентирање на нашата политичка ситуација и како стигнавме до неа. Членовите на ЛД Солидарност и на Левица беа одлично прифатени и изненадени од големиот интерес после презентацијата за нашата земја.
27845453650_38404cdca0_o
На состанокот на крај се заклучи дека ова нема да е последна средба – има потреба за поголема координација и соработка помеѓу двете групи, и дека ова е само почеток на заедништвото и солидарноста помеѓу GUE/NGL и ЛД Солидарност и Левица.