Левичарското движење Солидарност, дава силна поддршка на Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) кој, на ден 26.04.2016 година со почеток во 13:30 часот, организира мирен протест пред зградата на Министерството за култура на РМ на адреса ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр.61.

Со овој протест вработените во институциите од културата ќе го искажат својот револт за:

– Донесувањето на измените во Законот за културата;
– Ниските плати;
– Недонесувањето на нов колективен договор за културата повеќе од 10 години;
– Ангажмани на вработените во културата надвор од матичните установи без соодветни дневници;
– Неисплатување на теренски додатоци на основ на одвоен живот, отежнати услови за работа, изложеност на надворешни влијанија итн.;
– Невалоризирање на стекнатите стручни звања и нивна исплата;
– Забрзано спроведување на систематизациите во институциите од културата.

Нагласуваме дека овој протест нема политичка тенденција, не е организиран од политичка партија, ниту има било каква поврзаност со актуелните политички случувања во Република Македонија. Овој протест е исклучиво од синдикален карактер чија цел е барања за подобри услови на вработените од културата во РМ.