Preljina-poplava-ponedeljak

Солидарност во пракса!

Актитвист(к)ите од левичарското движење „Солидарност” се активно вклучени во помагање на семејствата погодени од минатонеделните поплави при санирање на последиците врз нивните домови, имоти и населби. Но и покрај масовните акции за чистење од страна на самоорганизирани волонтер(к)и во изминатите неколку денови, локалното население сè уште се соочува со огромни проблеми.

Затоа, левичарското движење “Солидарност” јавно повикува на  волонтер(к)и кои ќе ни се приклучат во чистењето на куќите на нашите сограѓанки и сограѓани.

Ако си работоспособна или работоспособен и имаш желба да помогнеш – дојди, придружи ни се во акција на солидарност со локалното население од поплавените подрачја!

Новото утре е можно, но зависи од секој(а) од нас!

Придружи ни се да го изградиме заедно!

Поаѓање: секој ден во 10:00 од ул „Рајко Жинзифов 22“ (спроти Градежен факултет)

Пријавување: Пишете ни во инбокс.

Транспорт и материјали за работа се обезбедени од левичарското движење “Солидарност”, во соработка со Civica Mobilitas.