Постер за изложбата во Белград, Србија
                                                          Постер за изложбата во Белград, Србија

Споменичките локалитети на НОБ по крајот на Втората светска војна, стануваат место за посета и комеморација на голем број на народи од СФРЈ, за до средината на седумдесетите години на партизанските маршеви, прошетки и излети со име „Патишта на револуцијата“ се приклучуваат околу 2 и пол милиони граѓани. До крајот на оваа деценија, овој број изнесува 4 милиони, со тоа што овие меморијални споменици стануваат редовна понуда во земјите на СФРЈ.

Уметниците кои ја конципираа изложбата сакаат преку поширок и потесен спектар да го покажат третманот кон заедничката историја и наследство на земјите од поранешна Југославија, социјализмот и ревизионизмот.

Изложбата беше прикажана во Загреб, Сараево, Краљево, Ниш, Шабац и Љубљана, а во текот на 2016 година ќе биде презентирана во Белград, Пула, Сплит, Карловац и оваа есен во Скопје.

Концептот на изложбата ја припремија Лана Ловренчиќ и Милан Ракита. Како истражувач-соработник се јавува Горан Јанев од нашето здружение Солидарност.