Интервју со проф. Цирила Топлак: „Во денешниот свет револуцијата е неизводлива“

Интервјуто е првeнствено објавено на lupiga.com. Превод на македонски: Соња Стојадиновиќ

Изминува стотата година од револуционерната 1917 година која го промени светот. Но, ниту на стотата годишнина не постои согласност околу карактерот на тоа големо истоирско случување кое и денеска истовремено се сотонизира и глорификува. За тоа кои се теченијата на Октомвриската револуција, зошто околу нив о денеска постојат спорови, дали во денешниот глобализиран и контролиран свет можна револуција, интересни одговори ни даде словенечката историчарка д-р Цирила Топлак. Бидејќи живееме во свет на високи тензии, непрестајни кризи и губење на довербата во претставничката демократија, професорката Топлак ни откри инспиративна теорија за можниот иден подобар свет кој многу од нас го посакуваат.

Д-р Топлак е бивша советничка за европски прашања во Канцеларијата на претседателот на Словенија. Докторирала историја и меѓународни односи на Универзитетот на Сорбона во Париз, Франција, после магистрирањето на хуманистички студии на Универзитетот во Њу Јорк, Бафало, САД. Од 2001 година се бави со истражувачка и предавачка работа на Факултетот за општествени науки во Љубљана. Бидејќи сите фокуси на нејзината работа и истражувања се историјата на 20 век и политичките модели на општествените уредувања кои би можеле да ги унапредат и премостат проблемите со кои се соочуваат модерните држави во денешното дигитално време, професорката Топлак се покажа како идеална соговорничка на тема за големата руска револуција и нејзините рефлексии на денешниот политички момент.

Низ светот се одбележува стотата годишнина од Февруарската и Октомвирската револуција кои го покренале тркалото на светската историја. Сто години се чинат сосема доволни за луѓето да се договорат околу нешто, да истражат, објснат, контекстуализираат, но во стварноста сепак не е така. Октомвирската револуција денеска истовремено се глорификува и сотонизира. Кои се теченијата на револуционерната 1917 година и зошто и денеска околу нив постојат спорови?

-Наследството на револуционерната 1917 година навистина е голем историски настан кој заедно со Првата светска војна го покрена „краткиот„ 20 век, а распадот на Советскиот сојуз значеше и почеток на сосема нова ера. Зошто и денеска, сто години подоцна, постојат несогласувања околу значењето на таа револуција? Затоа што секоја револуција по дефиниција е насилна и крвава, се случува пребрзо и нема време и простор за барање на консензус на сите членови на општеството. Освен тоа, дел од популацијата во основа се противи на таквите случувања, затоа револуциите- историјата не учи- секогаш доведуваат до граѓанска војна и длабоки поделби и трајни трауми во општеството. Затоа навистина не е чудно што и после сто години таквите случувања предизвикуваат различни, спротивни чувства. Меѓутоа, измешаните чувстване би требало да ги имаме околу револуционарните причинители, намерата и визијата за нов, подобар свет и нов, подобар човек. Но таквите чувства се неминовни кога се во прашање вистинските последици од револуционерните идеали.

Некои руски историчари сметаат дека револуцијата во Русија имала позитивно влијание воглавно за граѓаните на западните демократии затоа што заканата од ширење на револуцијата кон запад во тие општества ја зајакнала положбата и правата на работниците, синдикатите и моделите на државите на благосостојба како и социјалната мобилност на граѓаните. Од друга страна, тие истакнуваат како руското општество нема поим како да се постави кон годишнината: дали тоа било неизбежно случување кој довел до национална трагедија или општествена трансформација од претежно неписмена држава во политичка и индустриска велесила? Како по вашето мислење тие револуционерни случувања од почетокот на 20 век влијаеле на западните демократии, а како на самата Русија и на источна Европа?

  • Би се согласила со тезата дека последиците од Бољшевичката револуција во Русија имале позитивно влијание врз западните демократии. Постоењето на Советскио сојуз и комунистичкиот, односно социјалистичкиот блок директно е, како што е образложено во прашањето, поврзано со воспосавувањето на држави на благосостојба во Европа после Втората светска војна. Меѓутоа, немам впечаток дека руското општество не зна како да ја одбележи и прославува револуцијата од 1917 одина. Сметам дека русите изразено ги почитуваат својата историја и наследство. Руската федерација останала една од ретките земји победнички во Втората светска војна која таа своја победа не ја доведува во прашање туку редовно ја одбележува секоја година. Октомвриската револуција поради своите контраверзни резултати е далеку поголем предизвик за одбележување. Недвосмислено придонела рускиот народ да се избори за важна позиција на меѓународната политичка сцена иако веќе била важна улогата на Руското царство во меѓународната политика. Но револуцијата била неизбежно случување и поради тоа сметам дека историчарите треба да се дистанцираат од било какви шпекулации од типот: „што би било кога би било„. А причините како дошло до револуција и злосторствата кои се случиле, треба према моето мислење, да се бараат во она што било 100 или 150 години наназад пред да се случи револуцијата во 1917 година. Имено, Царска Русија имала шанса да учествува во просветителскиот тек и реформите исто како западна Европа. Кога зборувам за шансите кои ги имале мислам на периодот на владеењето на Катарина Велика, но после тоа поради сплет на историски случувања, тој воз на модерност и развој Русија го пропуштила. На почетокот на 20 век, Русија на големо каскала зад западна Европа, но наспроти тоа настојувала да игра улога на велесила во европската политика. За волја на вистината, руската држава од руско-јапонската војна 1905 година во Европа претставувала некој вид на темпирана бомба и поради тоа било неминовно дека ќе дојде до некоја сериозна внатрешна дестабилизација.

Аналитичарие ја истакнуваат невообочаената воздржаност на претседателот Владимир Путин (кому му се припишуваат заслуги за рехабилитација на бољшевичкиот тиранин Сталин) околу оваа годишнина. Путин, не донел указ туку само препорака до државните и локалните тела со разни манифестации да ја обележат значајната годишнина, при што ги избегнал термините како што се прослава и јубилеј. Бидејќи во својата политика се труди да ги негува во континуитет и царска и комунистичка Русија, како ја дефинирате Путиновата воздржаност по ова прашање? Се крие ли зад тоа страв на Кремљ од било какво романтизирање на револуцијата како масите не би се поттикнувале на нови револуционерни преврати?

  • Не се согласувам со тезата дека идеализацијата на револуцијата би довела до револуционерни преврати. Тоа не е во согласност со руската политичка култура и менталитет. Сметам дека Владимир Путин е успешен претседател затоа што добро ја разбира, така да се изразам, руската душа, а за русите од пресудна важност се материјалната благосостојба и водечката положба на Русија во светот. Освен тоа, тој спретно игра на картата на руската политичка култура која е константна без оглед на идеолошкиот предзнат на режимот: Царство, Советски сојуз или денешната Руска федерација. Во секој од наведениве примери, граѓаните Русија ја доживуваат како повеќенационална империја со барем минимум благосостојба за мнозинството, во кој русите го имаат главниот збор па затоа и стоички го поднесуваат изразено централизираниот и бирократски државен апарат. Додека русите се задоволни- а мнозинството на руски граѓани се скромни и се задоволуваат со стандардот кој им овозможува достоинствен живот- може да се очекува дека на страна ќе ги стават проблемите како што се слобода на говор, човечки и граѓански права. Исто така, вреди да се истакне како Русија по тоа прашање ги вреднува политичките карактеристики на големите источни народи. Со други зборови, Русија претставува тип на империја кој е специфичен за просторно голема и многу народна држава која токму поради тие причини секогаш почиваат на колективизмот наместо на индивидуализмот. Овде, на пример, можеме да ја споредиме со Кина и Јапонија. Затоа сметам дека на Русија не и се заканува опасност од нова револуција. Сметам дека на Путиновиот режим му е потребна опозиција како би се одржал привидот на демократија, а од друга страна државата ја води со цврста рака како и неговите претходници.

Денеска се истакнува како Големата социјалистичка револуција всушност и не била така грандиозно случување, туку бољшевички преврат кој ни приближно не бил толку драматичен како што изглеа додека го гледаме големиот филм „Октомври„ на Сергеј Ејзенштајн од 1928 година. Меѓутоа, како да ги оцениме главните протагонисти на тој револуционерен спектакл: Лав Троцки, Владимир Илич Ленин,, Александар Фјодорович Керенски, Антон Иванович Дењикин, Пјотр Врангел, Александар Колчак…? Дали „белите„ биле добрите дечки, а „црвените„ лоши или обратно?

-Тоа е крајно поедноставување на историските случувања, кое е типично за историскиот ревизионизам кој денеска земал замав, а главна цел му се далечни и мачни случувања од минатото затоа што е полесно да се дефинираат на едноставен црно-бел начин. Никој не е исклучиво само добар или многу лош Во револуционерниот процес сите во некоја негова фаза се нашле на спротивставените страни, затоа што имале или различни револуционерни визии или во потполност биле против револуцијата. Секој од својата точка на гледање бил убеден дека е во право и дека е добар, но некои биле помалку бескомпромисни кога бирале средства да дојдат до својата цел. Можно е  работите после 100 години толку да ги објективизираме па дури сега да гледаме каква улога во нашето разбирање на револуцијата играла и пропагандата. Така против револуцијата својата улога ја одиграле и западните европски медиуми поради силниот страв од комунизмот. Од 1920 до 1930 година големо влијание на разбирањето на тие случувања имала пропагандната војна на европската политика. Затоа, исто така може да се каже дека Октомвриската револуција изгледала поголема од што навистина била.

Социолозите предупредуваат дека бројот на млади руси кои во анкетите се идентификуваат со либералната опозиција и вредносите кои таа ги заговара, од година во година се смалува. Дека ретко искажуваат бунтовност и ризикуваат конформизам за да го менуваат општеството на подобро. Се дистанцираат од опозицијата затоа што, тврдат руските социолози, ја поврзуваат со нестабилност, крвопролевање и сите стравотии кои ги носи војната. Што довело до таква ситуација да на младите денеска во Русија, а и во многу други држави (посебно во источно европските со комунистичко искуство), стабилноста да им биде поважна од човековите права и слободи?

Денеска на дело е доста збунувачка идеологија на (нео) либералната демократија која ни ги киднапира идеалите и ни го пореметува моралниот компас па веќе не сме во состојба да кажеме што е исправно, а што е неисправно. Во таквата идеологија, како што порано реков, цвета и историскиот ревизионизам. Денеска одново се преиспитува и реинтерпретира историјата и тоа не се однесува само на Руската федерација туу воопшто сме се затекнале во чудна ситуација каде постојат двоумења кој победил во Втората светска војна. Излегува дека ништо не знаеме и дека се е релативно. Сметам дека политичката апатија на младите е широко распространет феномен кој ги преминува границите на Русија. Од друга страна, за очекување е дека феноменот е присутен во Русија имајќи го предвид составот на вредности на кои почива руското општество. Можеби можам да речам дека политичката апатија примарно е поврзана со фактот дека демократија денеска е некој вид на над-идеологија. Либералната претставничка демократија во која живееме ни овозможува да завземеме било каква идеолошка позиција. Тоа ја отапува острицата и на најекстремните екстремисти.

Дали во денешниот глобализиран свет на тотална организација и манипулација се можни политички/социјални револуции?

По мое лично мислење, во денешниот свет на целосен надзор, револуција би било тешко да се покрене, а уште потешко да се изведе. Проблем е мобилизирањето на луѓето вистински да се приклучат во некое масовно политичко движење токму од причините кои порано ги наведов кога зборувавме за политичка апатија, бидејќи токму апатијата системот секогаш ја поттикнува. Затоа и лесно се надзира. Во прилог кон тоа зборуваат и примери на кои им сведочиме, од Сириза во Грција преку шпанскиот Подемос до Здружената словенечка левица. Сите тие случаи покажале како реформираниот систем одвнатре не дава резултати: имено, и „реформаторите„ од таков калибар мораат да играат по воспоставените правила и не можат да ги менуваат тие правила будејќи на широката политичка мапа се во апсолутно малцинство. Согласно тоа, реформите можеме само да ги ветиме и ништо подалеку од тоа. Во својата научно истражувачка работа дојдов до заклучок дека можеби постои „трет пат„, но тоа не е оној банализираниот трет пат на Блер, туку „трет пат„во смисол на барање на можност за промени настрана од револуцијата и настрана од реформи на системот од внатре на начин на кој да се обидеме да воспоставиме некои микро заедници кои делуваат по правила различни од постоечките со надеж дека би можеле да функционираат како некој вид на вируси. Добрите облици на тие заедници би требало да се шират меѓу луѓето така што луѓето помодарски ќе ги имитираат и со време таквите модели би поприиле облик на поширока општествена парадигма. Тао секако би биле долгорочни промени. Во овој момент навистина не гледам друг начин за промена на подобро отколку со истите да тргнеме многу скромно. Можеби премногу скромно е промените да се носат во мали заедници кои се организираат и делуваат различно од она на кое сме навикнале и после тоа да се надеваме дека ќе успеат. Меѓутоа, имаме примери од историјата каде таквиот пристап вродил со плод. Да речеме, еден таков историски случај е ослободувањето на земјата во Втората светска војна на подрачјето на бивша Југославија. Малку повеќе сум ги проучувала ослободувањата на територијата на Словенија, начинот на кој функционирале ослободените простори на кои луѓети живееле под сосема други правила отколку луѓето на блиските, окупираните. И како војната траела и се разгорувала, така се ширеле слободните зони на отпорот и на крајот на тој процес била слободна Словенија. Бидејќи таквиот модел е веќе испробан во минатото, постои можност пак да се стави во погон. Таквиот општествен модел теоретски најдобро го образложил и разработил францускиот историчар и филозос Мишел Фуко во својата теорија за хетеротопијата (различниост простор). Тој простор каде луѓето сами одлучуваат како ќе живеат во својот обид да изградат различен свет во кој нема да владеат правилата на мнозинството. Идеолошкиот предзнак на тој различен стил на живототво хетеротопијата секогаш е врзан со нејзините творци. Така денеска во светот имаме цел сет на такви многу различни хетеротопии: некои се верски комуни, некои се кампови какви што ги имаат белите супремацисти во САД, некои се радикални левичарски автономни зони, а некои се налик или се заедници на автохтони индигени. Можеи политичката иднина е во хетеротопиите.