Членката на ЛД Солидарност, м-р Стојадиновиќ Соња пишува за РесПублика за македонското образование.

Фрагменти од СТУДИЈАТА: Врвот на уништувањето на образовниот систем во Македонија се достигна со масовната и политички поттикнатата сегрегација која се врши по етничка основа. На почетокот на 1990-тите, имаше основни и средни училишта во кои учеа деца од различни етнички групи, иако разделени по смени, како во средното училиште „Зеф Љуш Марку“ во Скопје и во основното училиште „Братство Миѓени“ во Тетово. Денес, училиштата се физички раздвоени и во нив учениците освен со припадници од својот етникум, не се сретнуваат ниту се дружат со деца од други етнички заедници.

Независен тим на истражувачи ги лоцираше изворите на проблемите кои ја продлабочуваат сегрегацијата во македонското општество во истражувањетo „Улогата на локалната власт во интегрираното образование во Република Македонија“, кое беше реализирано од ноември 2015 до јануари 2016 година.

Истражувањето првично се базира на теоријата на контакт, според која со директните контакти помеѓу учениците полесно се совладуваат и отфрлаат сите постоечки бариери, без разлика дали се базираат на различноста во јазикот, религијата или културата. Сепак, решенијата за проблемот со сегрегацијата во училиштата во Македонија не се само во создавањето на директен контакт помеѓу учениците, туку и помеѓу сите останати учесници во образовниот процес, како што се наставниците, родителите и општините.

Истражувањето нотира структурни слабости во целосната поставеност на системот којшто го централизира финансирањето, ја гуши самоиницијативноста и го обременува наставниот кадар со бирократија на сметка на креативноста и слободата на работата со децата. Самите законски рамки кои го регулираат образованието, осoбeно основното образование, заедно со системот на финансирање на училиштата ги продуцираат проблемите и ограничувањата.

Инфографикот во прилог, а целиот текст можете да го прочитате на РесПублика.