Хелмут Шолц студираше Интернационални Релации на државниот универзитетот во Москва
                                                             Хелмут Шолц во својата канцеларија во Брисел

Хелмут Шолц (Helmut Scholz) е пратеник од редовите на германската левичарска партија Die Linke во Европскиот парламент.  Тој ја извршува оваа функција од 2009 година. Членува во одборот на GUE/NGL и е задолжен за интернационалните политики на оваа група. Интервјуто го водеше Ѓорги Пулевски во Брисел во јуни, 2016 година. 

Каква е структурата и што е целта на GUE/NGL (European United Left/Nordic Green Left)?

Ние сме конфедерална парламентарна левичарска група избрани во државите членки на ЕУ. Знаете дека европските избори се национални избори, односно националниот баланс на моќта и структуираноста на политиките имаат големо влијание на претставниците во ЕУ парламентот. Сепак,  отпорот кон оваа легислатива и нејзината промена е посилен од било кога – имаме 53 членови од 14 земји, и  ако не грешам,18 партии, тоа значи дека некои од државите се претставени и со по две лево ориентирани партии. Ова значи дека сме обединети во борбата за социјална Европа, за демократски политики, за мир, за методи за безбедност, за екологија, и за една отвореност на Европа кон сите –  што значи дека ние сме против затворање на границите, и за солидарност со сите, како и за развојот на политичките, социјални и економски трендови во другите региони. Тоа е, опишано накратко. И секако, онаму каде што е можно, работиме заедно со оние парламентарци кои делат слични гледишта, или пак со онаа опозиција со која е можно да се изнајде компромис во насока на промена во политиките, бидејќи, според мене, еден од најголемите предизвици за левицата и за европскиот парламент е да се даде кај граѓаните верба дека политиките се менливи, бидејќи тие се направени од луѓе и е можно од луѓе да бидат и променети. Ова е, мислам, главното сфаќање на демократската интервенција во креирањето на политиките од страна на државите-членки, владата, државните врхушки како и бизнис круговите, која го опишува стремежот на политиките во Европската унија денес.

И во овој контекст, би сакал да истакнам, дека коалициите се различни во сите држави-членки, и во Европскиот парламент има големи разлики помеѓу владини и опозициони партии, но секоја група е во потрага по сопственото мнозинство: затоа понекогаш имаме слични позиции со Зелената партија и со Социјал-Демократите за овозможување на повеќе социјални и работнички права. За семејните прашања имаме многу заеднички точки и со либералите, следствен околу тоа – имаме мнозинство во Европскиот парламент, што значи дека Европскиот парламент во определени насоки може да менува одредени политики кои се предложени од Европската комисија и Европскиот совет. И баш ова е значајно за секојдневниот живот на луѓето.

Шолц со Анџела Дејвис во Сан Франциско, 2009г.

Сметам дека политиките денес мора да земаат предвид какво влијание ќе имаат на граѓаните, на народот. Тие не мора да знаат точно кој и каде одлучил, дали Брисел, дали Европската комисија, дали државата членка или парламентот, но резултатот од одлучувачкиот процес мора да биде ефективен во нивниот секојдневен живот. Такашто ние, како европски парламентарци, како левичари, мора да им обелодениме на луѓето кој е одговорен за политиките, зошто се донела некоја одлука и како таа може да се смени доколку попречува достигнување на социјално-праведен, фер и мирен развој на нашиот континент. Сметам дека денес, со глобалната економија, со многубројните испреплетени врски во одлучувачките процеси повеќе не е возможно да се изнајдат национални решенија. Мора Европа да застане обединета. Ова мислам дека е големата одговорност на Европскиот парламент.

Популистичката десница денес е во голем подем во скоро сите земји во  Европа. Примерите се многубројни: Златна Зора во Грција, Ле Пен во Франција, Орбан во Унгарија итн. Како може левицата да одговори најдобро на овој загрижувачки тренд?

Подемот на популистичката десница кој е ефективен во речиси сите држави-членки, е тесно поврзан со пораките кои ваквите партии ги испраќаат – дека ние сме против другите, ние се браниме себеси од притисокот од Германија,  како економски најсилната членка на Европската Унија, против ова или она. Сметам дека ваквите пораки од овие партии се лажни, погрешни пораки. Бидејќи ако велите дека работните места зависат од развојот на економијата, тогаш мора да земете предвид дека во економското одлучување мора да се води сметка за влијанието на социјалниот и економски развој во другите држави-членки исто така. Ако на пример ние, како левичари решаваме за политики за работни места, тогаш мора да предвидиме што тоа значи за работникот во Португалија  и истовремено за работникот во Грција и за работникот во Ирска. Следствено, политиките на штедење кои се популарни денес се погрешни политики бидејќи штедењето значи дека јас го користам проблемот да скратувам средства од оваа или онаа држава, или оваа или онаа група во општеството на која навистина и треба пари заради натпреварот помеѓу слабите, помеѓу државите-членки, помеѓу политички и економски засегнатите страни.

_87188506_030562649-1
    Контра-протест или „марш за поддршка“ на конзервативната демо-христијанска власт во Полска, 2015г.

Наместо ваков натпревар, нас ни треба обединувачки пристап кој ги поврзува различните аспекти и комплицирани проблеми, кога бараме одговори и алтернативи за развој.

Грција веќе подолго време има нова влада, оформена од радикалната левица, Сириза. Сириза е во истата група GUE/NGL како и вие. Кога тие го потпишаа меморандумот и не го послушаа народот кој се изрази на референдум, стана јасно дека една група, една влада, еден човек – Ципрас, не може се брани сам против Европската тројка (Европската Комисија, ММФ и Европската Централна Банка). Како вие го отценувате владеењето на Сириза и каков е вашиот однос со нив?

Полесно е да се одговори во името на Die Linke, а не од името на GUE/NGL, бидејќи ние продолжуваме со поддршка и солидарност со Сириза и Ципрас, но и на другите политички леви сили во Грција кои беа разочарани. Mислам дека секако сликата е контрадикторна, но и дека ги одразува потешкотиите во формирање на политика која ќе го издржи притисокот од другите држави – членки, особено од Германија. Така што нашата главна цел е да се промени политиката на Германија, што би довело притисокот од Грција да се насочи кон други држави – членки. Ние мораме да размислуваме за тоа како оваа монетарна и економска унија функционира. Еден од заклучоците, од одговорите што ги имаме е дека композицијата на Европската Унија, прво да создаде монетарна, а потоа да ја конципира и економската и социјална унија  е погрешна. Прво, како што ние велиме години наназад, а на жалост, и мнозинството мисли дека сме во право, мора да создадете начини за приближување на државите – членки преку процес на заедничко одлучување, за да може да се исполнат социјалните предуслови за економско обединување – тогаш може да употребувате иста валута. Сега ние имаме заедничка валута –  но немаме вистински заеднички индустриски и економски политики, немаме заедничко социјално осигурување, бидејќи имаме 28 системи на социјално осигурување – а сепак една единствена валута, која почива на различни темели низ државите членки. И овие сложени економски прашања ја условуваат способноста на политичките сили да развиваат нови алтернативи.

syriza3
                                                                          Славење на победата на Сириза, 2015г.

Грција е во ситуација на длабока криза, во која сите претходни влади ја впуштиле. Не ги извршиле потребните реформи иако тоа и било задачата на сите влади.  Но секако, во тоа време, сите институции на Европската Унија и државите – членки не алармирале за ситуацијата, и не побарале менување на политиките од страна на нивните политички фамилии, во интерес на граѓаните, и во интерес на модернизирањето на економиите во Европската Унија.

1200x630_297978_greek-debt-who-loaned-the-money-greece-europe-grafitti-debt
Графит на атинските улици: „скратете го долгот, MMF одете си дома.“

Ова е задачата што сега и останува на Сириза, која како радикално лево-ориентирана партија е перпеципрана како „последниот бедем“ бидејќи сите други партии и политички сили во таа земја се покажаа неспособни да го сменат расположението, да кажат дека ни треба суштинскo одвраќање од мерките за штедење, од политиките на Тројката и од уцената на една од државите – членки. И секако, ова не може да го направи Грција сама. Ципрас има надежи во алтернативните позиции на Италија, на Шпанија и на Португалија. Сега за среќа, имаме нова влада во Португалија, имаме еден вид будење на левите сили и на демократските и прогресивни позиции во Шпанија, така што можности за сојузништво постојат.

Секако и ние во Германија сме предизвикани да придонесеме, како лева партија, да понудиме почисти позиции, прецизни алтернативни предлози на следните избори во Бундесатагот за  наредната година, такашто ние сме исто предуслов за менување на мнозинството. Заедно ни треба стратегија која недвосмислено ќе признае дека е нужно ревидирање на европските политики однатре, од државите-членки, од политичките и социјални сили на национално и на европско ниво. Се надевам дека тие 53 членки кои денеска седат за да зборуваат за левицата во Европскиот парламент ќе бидат многу повеќе на следните избори и дека позицијата на оние источно и централно европски земји кои немаат лево ориентирана репрезентација во европскиот парламент, наредниот пат ќе биде засилена, за да ги поставува вистинските прашања во јавните дискусии.

Мораме да разговораме со луѓето,  да дознаеме кои се нивните ставови и очекувања од политиката, и да ги охрабриме да ги искомуницираат со другите и да се вмешаат и самите во политиката,  да излегуваат на протести и да си ги бараат своите права. Во моментов во Франција, каде владата сака да ги донесе истите закони за работни односи кои беа донесени во Германија пред 10 години, што секако довело до таа способност на Германија да ја употребува својата сила над другите и овие врски мора да се разгледаат.

Колку сте запознаени со нашата ситуација на Балканот, да бидам попрецизен, Македонија –  ние сме во длабока политичка криза, имаме нефункционална демократија – како GUE/NGL може да помогне за нашата ситуација?

gruevski_1912_g111
Никола Груевски на средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, 2014г.

За жал, никогаш не сум бил во Македонија, така што само ќе просудам врз основа на она што го читам во весниците – знам дека сте во длабока политичка и економска криза, и би рекол дека корупцијата отиде предалеку.  За жал, како и во други земји од Балканот, или на пример Молдавија и Украина, транзицискиот период по распадот на социјалистичкиот систем довел  до редистрибуција на јавните пари на народот во приватни џебови. И тоа и ден денеска останува проблем. Еден од предусловите би бил да се воспостави јасен и прецизен модел за борба против корупцијата. Да се воспостави правен систем во овие земји, вклучително и во вашата, кој навистина би им дал можност и шанса на граѓаните да ги прозиваат и да вршат притисок на јавните и приватни економски засегнати страни да го почитуваат законот. Тоа е најлесната иницијална мерка. Тоа е основата. Не решава ништо во општиот социјален развој, но тоа би било еден од првите чекори што треба да се направат.  И тука, мислам дека не само левицата, туку сите политички сили во Европската Унија, во државите – членки, и Европскиот парламент мора да си го заврши своето – мора да бидат силни, и би рекол, дури и одговорни да не дозволуваат понатамошно кршење на законите во вашата земја. Имате закони, но тие треба да се почитуваат. Мора да бидат имплементирани. А тоа мора да биде поддржано од надвор.

1622278_206228309717527_3717719890007022742_n
                                                                                          Графит во Битола, 2015г.

Исто така мислам дека треба повеќе соработка со Европската Унија. Тоа денес значи дека ќе треба да се прилагодите на сите закони и структури – од политичките, правни и економски сфери, Но мора ова да го дискутирате со вашите граѓани, да видите дали тие сакаат да ги применат овие нови правни и економски структури, кои ќе бидат базичен закон во вашата земја. Ова е многу сложен процес на асоцијација со Европската Унија. На пример, јас сум за демократска контрибуција на граѓаните кога се работи за сложени и далекусежни одлуки кои влијаат на нивните лични животи, тоа значи ако Македонија е насочена кон поблиско поврзување со Европската Унија, таа мора да знае што е Европската Унија, што тоа значи во основите на правната и политичка реалност на вашата земја. Ова мора да биде искомуницирано и пренесено во свеста на граѓаните, и да биде дискутирано со народот. Бидејќи ако тие не разбираат што овој процес подразбира, понатаму ќе постои момент на разочарување при прилагодувањето на високите, би рекол, различни стандарди на Европската Унија, споредени со вашите сегашни стандарди. Тоа може да чини работни места и шанси за некои, но може и да доведе до многу работни места и шанси за други.

Така што, ова мора да биде јасно, дека мора да има подготовки за овој чекор на доближување до Европската Унија, од вашиот начин на живот досега. Засега, можам само да кажам, дека ова е задача и одговорност на владејачките елити, но не само нивна, туку и на медиумите, и на социјалните и економски засегнати страни, вклучувајќи ги и синдикатите – тие мора да имаат силата и способноста да се прилагодат на новиот социјален и трудов пазар на Европската Унија. Во оваа насока, само би кажал дека соработката со Европската Унија, процесот на приближување и асоцијација е значајна шанса, но може да носи и многу нови задачи и предизвици кои мора да се совладуваат демократски, и на еден искрен и транспарентен начин.