Горан Јанев: Кога зборуваме за „етничко“ на Балканот, ние потпаѓаме под замката на примордијалните теории

Пред три дена (02.03.2017г.), нашиот член Горан Јанев гостуваше во емисијата „360 степени“ на Алсат М телевизија, осврнувајќи се на неговото гостувањето на трибината за спорот со името во Солун, антрополошка анализа на идентитетот денес и во минатото, етничкото политичко структуирање, новите движења  кои беа надетнички и потребата за ставање во прв ред на социо-економските модели во Македонија.