trib-660x330

На покана од Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ЛД Солидарност учествуваше на симпозиумот “25 години Македонија” на 13.09.2016 (вторник) во Скопје.

Симпозиумот беше поделен на два дела: “25 години подоцна: местото на Македонија во глобалното семејство на нации” на кои учествуваа: Љупчо Арсовски – прв амбасадор на Република Македонија во Грција, Ризван Сулејмани – поранешен министер за локална самоуправа, Лилјана Поповска – претседателка на ДОМ, Дане Танески – политиколог и вториот панел со наслов “Најголемите актуелни предизвици за глобалната интеграција на Македонија” на кои учествуваа: Ѓорги Пулевски – Солидарност, Деа Здравковска – Студентски Пленум и Радмила Шеќеринска – потпретседател на СДСМ.

Во продолжение можете да видете дел од говорот на нашиот член Ѓорги Пулевски:

За повеќе информации за овој настан можете да прочитате овде и овде.