солидарност-ccВо претходнитот пост од истата серија, именуван како Е-библиотеки, споделивме линкови кои можат да ви помогнат при истражувања и лична надградба. Во ЛД Солидарност сметаме дека денешниот свет е заснован на знаење и информации кои треба дa бидат отворени и достапни за сите. Делумно, знаењето е поврзано со универзитетите, кои треба да работат на интелигентни пристапи до алатките за самоспознавање и спознавање на светот. Сметаме дека се потребни силни колаборативни отворени простори за истражување и информирање, кои ќе функционираат како вон универзитетски платформи за образование со можност за севкупно и континуирано бесплатно учење или студирање или надградба на постојаното знаење.

Би сакале да ги видиме предавањата и на македонските професорски кадри од мноштво предметни дисциплини достапни за студентите кои се активни на универзитетите, како и за сите кои се дипломирани или кои би сакале да се надградуваат, а не се активни студенти. Сметаме дека отвореното знаење е патот по кој треба да одиме. Се надеваме дека во блиска иднина и најголемиот дел од предметите на македонските универзитети ќе бидат во дигитална форма како книги, а се разбира и како предавања од училниците.

Поради тоа, продолжуваме со споделување на линкови, овојпат од платформи каде има бесплатни курсеви.

Левичарски платформи:

 

Отворена култура:

 

Природно-математички сет:

 

Рускa јазична платформа за превод, слично на google translate: