Да се солидаризираме со отпуштената работничка од Веро!

Маркетите Веро извршија најдолно кршење на работничките права со давањето усмен отказ на нивната вработена, Кети Лешко, мајка на малолетно дете кое чека операција, за време на нејзиното боледување. За време на боледување не смее да се даде отказ. Маркетите Веро не можат и не смеат да се однесуваат како да се недопирливи за македонските закони.

По повод овој отказ, политичката партија Левица, повикува на протест, утре во 12:00 часот. пред Веро 5 (кај АМСМ).

Работничката солидарност мора да ја покажеме на дело. Затоа, да дадеме поддршка на утрешниот протест!