Текст на другарката Јелена Лалатовиќ од Маркс 21, преведен од нашата Соња Стојадиновиќ

Среќен 8 март, празник на борбата за женска еднаквост и ослободување!

Ако загребеме по површината на патријархалниот кич кој неминовно го следи одбележувањето на Меѓународниот ден на жените, кај нас и секаде во светот, ќе се соочиме со недвосмислена поента: корените на женското движење нераскинливо се поврзани со развојот на класната борба, а втемелувањето на Денот на жената како симболичен спомен на почетокот на борбата за еднаква положба на жената во семејната и политичката сфера е дело на истакнатите комунистки- Клара Цеткин и Александра Колонтај. Благодарејќи на Колонтај, 8 март станал официјален празник псле Октомвриската револуција. Историјата на женското движење, почнувајќи од суфражетките во Велика Британија, преку социјалистките во Германија и Русија, анархистките за време на шпанската граѓанска војна, црните жени во САД во текот на шеесетите и седумдесетите, женските организации кои се бореле против клеро-милитаристичките режими во Португалија, Аргентина, Пакистан, Иран, заклучно со курдските револуционерки, преполна е со полициски прогони, убиства, насилство, бруталност од секој вид.

Како тогаш 8 март, симбол на сеќавањето на борбеноста и отпорот кој жените преку поголемиот дел на деветнаесеттиот и целиот дваесетти век ја пружале кон патријархалните капиталистички и фашистички структури, целосно е испразнет од политичка содржина, отфрлен и деградиран на ниво на сентиментални честитки и подарувања на цвеќе? Освен што станува збор за своевидна буржоаско патријархална перверзија која женското движење целосно го трансформира во амблем на патријархалното величање на женската послушност и помирливост-цветот, јасно е колку таквото идеолошко и симболичко разобличување на феминистичката борба им оди под рака на владеачките елити. Освен тоа, осми март веќе не им е посветен на другарките туку на дамите.

Истрајувањето на политичките елити во пацифизирање на женските борбени потенцијали, веќе одамна е видливо во идеолошки крајно спорното означување со дама, но сепак не успеало сосема да го изгони феминизмот на маргините на јавниот дискурс. Парадоксално, го претворило во бренд и го инкорпорирало во неолибералната агенда. Со тоа може да се објасни поплавата од познати личности, како Бијонсе, Ема Вотсон, Тејлор Свифт и други кои се декларираат како феминистки. Навидум, тоа е ветувачко и охрабрувачко. Но, овде станува збор за обид за комодификација на феминизмот, феминизмот станува роба која филмските и музичките диви лесно ќе го заменат за поени на популарноста. Инхерентната радикалност и бескомпромисност на женското движење станува неприметно угушена. Премолчани се прашањата за капиталистичките корени на родовата па дури и секоја друга дискриминација, проблемот на родовата димензија на политиката на (крадење и) штедење, како и фактот дека на многу жени поради својата класна положба, пристапот кон здравственот и образовниот систем им е ограничен. Наместо тоа, феминизмот на познатите жени е сведен на неколку набрзина научени на памет наративи кои ни посредно не ја проблематизираат економската и политичката потчинетност на мнозинството жени.

Така за Бијонсе цел на феминистичката борба е негување на взаемната поддршка помеѓу мажите и жените. Кршењето на митот на феминстките како жени „кои ги мразат мажите„ одеднаш се покажува како фундаменталн политичко прашање. Кампањата “HeForShe” на Обединетите нации чие заштитно лице е Ема Вотсон, сликовито сведочи за овој тренд. Наспроти објективната стварност во која теретот на репродуктивната работа и понатаму паѓа исклучиво на жената, кои се помалку платени за истата работа и жртви на најразлични облици на родно засновано насилство, вниманите на јавноста се насочува на измислениот проблем на „мизандрија„. Тоа значи дека мажите се доведени во средина на политичкиот простор кој, ако ништо друго, барем го гарантирал ексклузивноста на женското искуство и автентичноста на женскиот глас.

Во ова светло треба да се согледаат и слични, на прв поглед осамени појави во регионот, со примери на жени кои сакајќи да ги оправдаат своите длабоко конзервативни ставови за бракот и заговарањето на традиционалната родова поделба на работата, изјавуваат дека феминизмот е „право на жената да биде што таа ќе посака”. Тоа е, најблаго кажано, навредливо за жените кои гинеле во борбите за право на глас и право на образование, за жените на кои правото на абортус билe или се уште им е скратено, за сиромашните афроамериканки кои државата при крајот на минатиот век ги присилувала на стерилизација. Во визијата на либерални феминистки, категоријата на избор е сфатена вулгарно и аполитично, и посредно отвора простор за бескомпромисно перпетуирање на излижаните неолиберални флоскули. Ако жените имаат избор да бидат што ќе посакаат, тогаш нивната положба зависи исклучително од нивните способности. Од таму е и глорификувањето на мистифицираниот чин на ојачувањето на жените. Бидејќи жените во Втората светска војна ги замениле мажите во рабоните места на таканаречената тешка индустрија, како што и многу од нив рамнопоравно учествувале на фронтот, јасно е дека на жените не им недостасува ниту снага ниту способност. Либералнофеминистичката интерепретација на историските текови на женската борба се сведува на борба на богатите, белите, хетеросексуални жени да го афирмираат своето право да бидат што ќе посакаат.

Обид за помирување на феминистичките идеи и неолибералната пракса наоѓаме не само на културната туку и на официјалната политичка сцена. Денеска имаме работа не само со лидери туку и со лидерки на неолиберални и конзервативни десни партии. Како што доаѓањето на Маргарет Тачер на власт означило не само почеток на ера на многу реакционерен однос кон женското движење туку и редица прокапиталистички мерки кои директно го ја загрозувале материјалната положба на жените, така ни денешните лидерки не се ништо подобри ниту треба да претставуваат феминистички пример. Политичарки како Ангела Меркел, Марин ле Пен, Колинда Грабар Китаровиќ или Хилари Клинтон се обидуваат со псевдофеминистичка реторика да соберат евтини политички поени. Нивната „борба„ за рамноправност на жените е борба за рамноправна положба на одредени жени внатре во капиталистичите и империјалистичките елити. Затоа нивната политичка работа нема никакво еманципаторско значење ниту придонесува кон зајакнување на женското движење. Пример. Унијата на женте на Српската напредна партијаборбата против насилството над жените ја спроведува преку апстрактни говори за „подигање на свеста„ иако е дел од владеачката гарнитура, има пристап до институциите и паричните средства за спроведување на конкретни мерки за подобрување на положбаа на жените. (Истото се однесува и за Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ).

Не само што лидерките на мејнстрим партиите нема позитивно да влијаат на положбата на невработените, социјално загрозените жени и работнички туку и некои од нив му нанесуваат сериозни штети на самото женско движење, сакајќи да се легитимираат како негови гласноговорнички. Корпоративниот „феминизам„ на Хилари Клинтон кој отворено ја поддржува агресијата на Блискиот Исток не може да поведе борба против угнетувањето или на било каков начин да придонесе кон неа.

Од друга страна, бројните леви иницијативи и понатаму се доминантно машки. Фактот дека владата на Сириза нема ниедна министерка, длабоко е вознемирувачка и е за осуда. Тоа покажува дека женското движење денеска е во иста ситуација како и на самите почетоци на своето градење. Жените се приморани да се борат на два фронта: против системот на експлоатација и угнетување, но и против сексизмот внатре во самите левичарски движења. Проблемот на невидливост и на жените во левицата единствено може да се надвладее одозгора, вклучувајќи што поголем број на жени, со нивно присуство на терен, посебно во облик на синдикално организирање. За да најдеме примери на успешно феминистичко организирање, не треба да одиме предалеку- треба само да пружиме рака кон величествениот успех на курдските партизанки или Феминистичкиот караван кој работи на поврзување на различните борби на работничките и свите угнетени жени ширум светот. Доволно е да се свртиме и кон женските иницијативи во регионот и кај нас.

Женскиот фронт за трудова и социјална правда во Хрватска пак го политизираше женското движење, јасно позиционирајќи го во левиот дел од политичкиот спектар. Осми март другарките од Хрватска ќе го обележат во недвосмислено антикапиталистички дух, потсетувајќи на најсјајните моменти на женското движење од почетокот на 20 век. Заедно со активистките на женските синдикални групи, тие повикуваат на отпор кон мерките за штедење.

Во Белград Женската ромска мрежа, Мрежата на Жени против насилство, Мрежа на Жените во црно на Србија и Синдакалните секции на жените организираат протестен марш, реафирмирајќи го женското движење во Србија како движење чии политички цели се јасни, а идеолошкиот минимум е концизен и е во согласност со традицијата на социјалистичкиот феминизам: солидарност со сите угнетени, интернационализам, континуитет на борбата против сите облици на социјална неправда чии причинители се патријархатот и капитализмот.

Така, женското движење во својата активистичка пракса ги надвладува сите недостатоци на „феминизмот„ каков политичките и културните елити се обидуваат да ни понудат. Женското движење не се откажува од своите класни корени и колективистички цели, враќајќи се кон својата изворна радикалнос и борбеност. Барањето за враќање на политизацијата на феминистичката борба и феминистичката култура е поставено суштински: Маршираме затоа што нема да се откажеме од нашите права и да се претвориме во поданички!

Слики: Никола Мартиновски.