Споделуваме линкови кои сметаме дека би биле корисни за истражување и интелектуална надградба. Дел од е-библиотеките се преобемни и ве повикуваме да ги разгледате и доистражите. Кај дел од порталите е потребно да направите кориснички налог. Сите е-библиотеки се бесплатни.

Со пребарување низ порталите од македонскиот домејн каде постои простор за споделување, дојдовме до мали збирки кои групирани даваат солидни колекции, но се далеку од можностите на издавачите и публицистите. Тенденциите на македонските портали се помеѓу белетристика и критичка литература, но има и книги по области. Во почетната листа поставуваме линкови и од библиотеките од Македонија кои имаат делови за споделување. Мноштво издавачи и портали воопшто немаат простор за споделување литература. Ги повикуваме и охрабруваме да споделат дел од книгите над кои имаат права и да придонесат во развивањето култура на заедништво, како:

 

Што е критичка литература? Сосема различен простор за ментално расудување, промислување, разгледување, дистанца од клишеизираните секојдневни траектории по кои се движи мислата, територија во која критикувањето, преиспитувањето, анализата, методолошкиот пристап, гледано од мноштво агли и територии, простори на ризоми итн. повикува сами да дадете одговор: Што е критичка литература? На линковите имате сѐ што ви е потребно:

 

Ви предлагаме три огромни руски бази на истражувања и литература:

 

Марксистичка и анархистичка литература:

 

Пребарувачи за теорија, new left, феминизам, антропологија, книжевност, итн:

 

Природно-математички сет:

 

Отворена култура:

Листата ќе ја рафинираме и прошируваме. Слободно контактирајте нѐ доколку имате предлог за да го вметнеме. Пратете ни порака на социјалните мрежи или и-меил.