ЛД Солидарност ги поддржува активистите од неформалната група „Чист Охрид“ кои во континуитет работат ентузијастички на чистење на градот, уличка по уличка, простор по простор. Би сакале да ја видиме праксата на ширење на слични акции низ градовите во Македонија.

Акцијата на „Чист Охрид“ на 3 април 2016, е единаесетта акција во континуитет: ФБ настан. Во претходната акција, волонтерите на „Чист Охрид“ во соработка со волонтерите на „Анималиа“, го средуваа стационарот. Овојпат ќе биде чистен теренот зад зградите кај „Тренд“.

Збирно место на заинтересираните е пред продавницата „Тренд“ во 12 часот: Google координати, или: „Тренд“ се наоѓа на пресекот меѓу бул. „Туристичка“ и ул. „Даме Груев“, спроти „Бустер“. Локацијата меѓу охриѓани е позната под името „скопско поле“.

Вклучете се!